Активности

09 и 10.11.2016 со почеток од 19:30 часот во Бизнис Салата при Конгресниот Центар на Скопски Саем

Shiva Xº членува во О.Т.О. веќе 28 години, а ја извршувал службата Frater Superior’s Representative (FSR) за Австралија од 1990 e.v.. Од основањето на Австралиската Голема Ложа во 2006 e.v., Shiva Xº ја извршува службата О.Т.О. Национален Голем Сеопшт Мајстор. Во моментов тој го уредува за печат новото авторизирано издание на "Магика Без Солзи" од Алистер Кроули за О.Т.О. Меѓународната Централа.

http://www.otoaustralia.org.au/

Tau Merlin е член на О.Т.О. веќе 22 години. Тој е Бискуп на Гностичката Католичка Црква од Норвешка кој има широко практично искуство во поглед на Магика, комбинирајќи разновидни извори и системи.

http://www.oto.no/

04.12.2015 со почеток од 19 часот во Бизнис Салата при Конгресниот Центар на Скопски Саем

Езотерија доаѓа од грчкото ἐσωτερικός (esôterikos), и се однесува на „внатрешното“, мистичното.
Езотеријата како знаење е достапна само на тесен круг на „просветлени“, „иницирани“ или посебно обучени луѓе.
Западната Езотерија, како таква, е термин кој се однесува на целокупниот систем на мистични и магиски практики својствени за така наречениот западен свет.

Изведувањето на иницијаторни ритуали е интегриран дел од институционализираните форми на езотерија уште од раниот 18ти век па понатаму. Во ова предавање ќе биде презентирана академска студија на западната езотерија и ќе се дискутира за тоа како ова е поврзано со проучувањето на така наречените масонски ритуали на иницијација. Поспецифично, предавањето ќе се задржи на функцијата на тајност и пренесување на апсолутните знаења на гнозата во иницијаторните ритуали за западната езотерија.

Хенрик Богдан е доцент д-р на Гетеборшкиот Универзитет на катедрата за Литература, Историја на Идеи и Религија и автор на многу стручни дела како и неколку книги во рамките на споменатата тематика.

12.12.2014 со почеток од 19 часот во МКЦ Џебно Кино

АЛЕФ Скопје, Здружениетo на граѓани за проучување, промовирање и зачувување на светските езотериски традиции организира предавање на тема: "The Magic of Dreams Made Real" во соработка со светски познатиот магико-антрополог Карл Абрахамсон.

„Што е сонот? Индоктринирани сме да веруваме во психолошки модел кој ги гледа соништата како траги на копнежи или фрагменти од сеќавања. Но и покрај тоа, нашиот јазик исто така го поистоветува поимот „сон“ со идеал или нешто за кое вреди да се стремиме. Дали овде постои парадокс? Во ова предавање, магико-антропологот Карл Абрахамсон го насочува светлото кон новите (или можеби дамнешни?) теории на сонот и нивните можни примени во креативниот современ живот.“

10.06.2014 со почеток од 19 часот во салата на Даре Џамбаз

Enochian Vision Magick

Енохијанската Магика е можеби најмоќниот и најелегантниот систем на западна магика. А исто така и најпогрешно разбраниот.

Доктор Џон Ди (1527-1608) бил еден од најголемите умови од Елизабетанската ера, а неговиот систем на ангелска комуникација бил резултат од најдраматичната магиска операција забележана кога и да било. Системот преживеал за да стане еден од темелите на модерната пракса на церемонијална магика. Во 1582 година Ди и неговиот видовит партнер Едвард Кели постигнале магиски контакт со духовни ентитети кои се идентификувале себеси како ангели - истите кои комуницирале со Адам, Енох и патријарсите од Стариот Завет. Во тек на следните 3 години тие им откриле на Ди и Кели 3 различни магиски системи за визии. Третиот и последниот од нив вклучува серија на "повици" кои треба да се рецитираат на ангелски јазик, со цел да се подигне свесноста на магичарот на ниво каде е возможен ангелски контакт.

Бестселер авторот и магичар, Lon Milo DuQuette, кој го практикува системот на Ди повеќе од 27 години, открива елементи од оригиналниот материјал на Ди, запоставен од адептите на Златна Зора, Алистер Кроули и останати модерни магичари и ги претставува во ново светло во Enochian Vision Magick. Подеднакво и за експертот и за почетникот, Lon Milo DuQuette нуди средства со кои самите може да се приклучат на истиот начин, чекор по чекор, како што првобитно успеале Ди и Кели. Ова 90 минутно предавање завршува со практична сесија на Енохијанска Магика во која може да учествуваат и присутните.

09.06.2014 со почеток од 19 часот во салата на Даре Џамбаз

Goetia, Solomonic Magick, and the Evocation of Evil Spirits

Во 1904 година, Алистер Кроули нарачал, уредил и напишал вовед на англискиот превод од Книгата Гоеција на Царот Соломон, прва од петте магиски текстови познати како Лемегетон.

Гоеција се однесува на сите операции од онаа Магика која се занимава со грубите, зли или непросветлени сили. Гоеција понекогаш се смета како нешто кое може да излезе надвор од контрола, нешто кое ги претставува нижите желби на операторот за контрола врз останатите и подобрување на својот личен живот. Токму овој потенцијал за губење контрола, оваа опасност, желба за само-унапредување и поголема моќ е она што привлекува многу луѓе кон Гоеција.

Евоцирањето на некој дух во магиски триаголник или црно огледало е полесно отколку што изгледа. Штом ќе се совлада, тоа е вештина која може да послужи како едно од најмоќните и најкорисни оружја од арсеналот на Магичарот. Но зошто некој возрасен човек од 21-виот век би сакал или имал потреба да ја призива помошта на “зли духови?” Одговорот може да ве изненади.

Придружете му се на авторот и магичар, Lon Milo DuQuette, за еден сосем поинаков поглед кон исклучителните магиски и философски богатства на овој многу погрешно разбран предмет, теоријата и практичната примена на ‘Црната Уметност’ од Соломонската Магика. Понесете нотес и отворен ум... и малку храброст. Кој знае? На крајот од ова предавање можеби и самите ќе посакате да повикате еден од оние мали ѓаволчиња и самите.