Окултура

Кованица на професор Christopher Partridge, добиена со спојување на "окултна" и "култура", која постигна популарност надвор од академските кругови благодарение на Genesis P-Orridge.

1. Супкултура која усвоила окултни односно скриени теми (Њу Ејџ, итн.), наспроти доминантната култура.

2. Култура која е под влијание на модерната и пост-модерната литература и уметност, а која потекнува од окултните науки - разбрани како пред-христијанско и други подоцнежни толкувања на езотеричните списи, источните извори и евангелијата.

3. Област од музиката, литературата, визуелните уметности и пара-религиозните пракси кои потекнуваат од окултизмот.