За нас

Здружението на граѓани за проучување, промовирање и зачувување на светските езотериски традиции АЛЕФ Скопје е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско Здружение, основано на неодредено време со цел за проучување, промовирање и зачувување на светските езотериски традиции преку издавачка дејност, советодавна дејност, истражување и развој во општествените и хуманитарните науки како и преку образовна дејност, а во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, својот Статут и Законите на Р. Македонија.

Заради остварувањето на своите цели, Здружението се занимава со истражувања, произведува и дистрибуира информации и културни содржини поврзани со езотериските традиции во светот, ги образува членовите на Здружението и јавноста во врска со истите. Ова вклучува:

- Собирање, преведување, обработување и објавување на содржини од доменот на езотериската традиција на светот;

- Организирање, спроведување и обезбедување на подршка за стручни и научни истражувања;

- Воспоставување на контакт и соработка со други стручни, научни, образовни и слични Здруженија и Организации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РМ и својот Статут;

- Организирање на семинари, работилници, конференции, трибини, стручни собири и други јавни настани и облици на едукација;

- Издавање на книги, периодични изданија и останати печатени материјали;

- Други активности неопходни за остварување на целите на Здружението.